Пристигнува пролетта, а со тоа и потопло време, што веќе не` опоменува дека треба да поработиме на нашата фигура и исхрана за да се прошетаме гордо во костимот за капење кога ќе дојде лето.

Кога станува збор за изгледот, големиот непријател на жената (освен тежината) е целулитот. Маски, креми, фластери се само некои од производите кои козметичката индустрија со гордост ги претставува. Сепак, еднаква ефикасност можат да имаат и овие две намирници од вашата кујна.

 

Всушност, станува збор за сода бикарбона и мед, за кои експертите тврдат дека се чудотворни во отстранувањето на целулитот. За да се уверите во она што го зборуваат, потребно е една лажица мед да ја измешате со лажица сода бикарбона и да додадете малку вода, а потоа добро да ги измасирате проблематичните места со оваа смеса.

Важно е масажата да биде со посилен интензитет и да трае три минути додека кожата не стане мазна и црвена. Содата е природен пилинг, а медот ќе ја хидрира вашата кожа. После неколку вакви масажи веројатно веќе ќе ја забележите разликата.