Две моќни состојки кои го чистат вашиот организам и спречуваат таложење на маснотии

Сите знаеме дека паразитите се штетни микроорганизми за организмот домаќин. Тие ги користат хранливите материи во организмот на домаќинот и со тој процес тие го оштетуваат организмот на домаќинот.

Тие можат да заземат неколку различни форми и да напредуваат низ целото тело. Паразитите најчесто живеат во човечките црева. Паразитите се хранат со шеќер и сè останато што се претвора во шеќер.

Треба да престанете да јадете премногу шеќер и благи работи, бидејќи кога јадете многу шеќер, тогаш создавате услови кои го акумулираат вишокот на слуз во вашето тело, а тој вишок на слуз е совршена подлога за габите и бактериите да се размножуваат.

Значи, сега кога ја знаеме нивната слаба точка – шеќерот и шеќерните работи, да видиме кој е најдобриот и најефикасниот начин за отстранување на овие штетни паразити од организмот.

Најдобриот природен начин да се уништат овие штетни паразити е со помош на некои здрави и ефикасни методи за чистење. Треба да го избегнувате шеќерот колку што можете повеќе, доколку сакате да остварите најдобри резултати. А, кога ќе го исчистите своето тело од сите штетни паразити, ќе бидете повторно свежи и полни со енергија.

Еве кои состојки ви се потребни за да го направите овој домашен рецепт за чистење од паразити:

Состојки:

» 100 грама ленено семе

» 10 грама суви каранфилчиња

Упатство:

Сè што треба да направите е да ги измелете овие состојки во некоја мелница, додека не добиете форма на прав.

Како се користи:

Потребно е да земате 2 лажици од овој прав секое утро во период од три дена. Овој прав можете да го измешате со топло филтрирано млеко, или можете да го додадете во своите житарки за појадок.

После три дена треба да направите три дена пауза и да повторите се` од почеток. Треба да го повторувате овој метод еден месец.

Ако сакате да ги држите штетните паразити далеку, треба неколку пати годишно да го повторите овој процес на чистење.