Две лица вооружени со пиштол ограбиле продавница во Кисела Јабука

Две непознати лица вооружени со пиштол ограбиле продавница во Кисела Јабука, Скопје.

Според информациите на МВР, вчера во 21.30 часот во Скопје на улица „84″ – Кисела Јабука во продавница „Ман Трејд“, две непознати лица вооружени со пиштоли им се заканиле на вработената С.Д.(54) и нејзиниот сопруг С.Д.(56), кој го удриле со рачка од пиштол, и украле околу 30.000 денари.

С.Д. е пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“.

Извршен е увид на местото на настанот.