Две лица се потешко, а шест полесно повредени во вкупно 10 сообраќајни несреќи во Скопје

Две лица се потешко, а шест полесно повредени во вкупно 10 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во четири е причинета материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 20 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол и е исклучен од сообраќај, еден возач поминал на црвено светло на семафор, девет возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, како и девет возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 44 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се вкупно 59 возила.