Две лица приведени на аеродромот „Александар Велики“

На ГП-Аеродром Александар Велики-Скопје, на влез во Македонија, вчера во 11:30  часот од Копенхаген-Данска како депортиран допатувал скопјанецот Ф.Е.(40). 

По извршената пасошка контрола и проверка било констатирано дека истиот евидирал со мерка „Апси“ по барање од Основен Суд Скопје 1 од 24.03.2016 година по што бил лишен од слобода и приведен во Полициска станица. Во 14:00 часот Ф.Е. бил предаден на полициски службеници од ПО-Петровец за спровод до затвор Идризово.

Вчера во 14:30 часот на ГП-Аеродром Александар Велики-Скопје, на влез во Македонија, од Цирих како депортиран допатувал Ј.С. (48) од Скопје. По извршената пасошка контрола и проверка било констатирано дека истиот евидирал со мерка „Апси“ по барање од Основен Суд Скопје 1, по што бил лишен од слобода, а потоа и предаден на полициски службеници од ПО-Петровец за спровод до затвор Скопје.