Две лица повредени во сообраќајка кај Трнодол

Вчера во 08.00 часот на улица „Трнодол“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолкваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Ф., и патничко возило „ланд ровер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Р.Ф. од возилото „голф“, а другиот сопатник од истото возило, М.Ф.. се здобил со телесни повреди. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.