Две лица од Центар и Марино каснати од кучиња скитници

На 14.03.2019 година во 18:25 часот во Полициската станица Центар З.Т.(58)  од Скопје пријавил дека на 13.03.2019 година околу 12:30 часот на улицата “Самоилова“ бил каснат од куче-скитник во пределот на левата нога.

На 14.03.2019 година во 17:00 часот во Полициското одделение Петровец В.Н.(66) од с.Марино-скопско пријавил дека истиот ден околу 08:00 часот во с.Марино бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака.