Две лица нападнати во ноќен клуб во Центар

Две лица во два различни случаи биле нападнати минатата ноќ во ноќен клуб лоциран на улицата „50 Дивизија“ во центарот на Скопје.

Околу 3 часот Б.Б. (27) пријавил дека во објектот бил физички нападнат од страна на две непознати лица.

-Во полициска станица бил изготвен записник за лицата Ч.М. (50) и Д.Д. (26) за констатиран прекршок – физички напад, од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, информираат од МВР.

Речиси еден час подоцна В.С. (27) пријавил дека пред ноќниот клуб бил физички нападнат од страна на четири лица, додека чекал такси со својата девојка.

На лицето Д.К.(27) во полициска станица му бил изготвен записник за констатиран прекршок – физички напад од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Од МВР информираат дека се работи на целосно расчистување на случајот.