Две лица нападнати и гризнати од кучиња во Скопје

Кучињата повторно напаѓаат.

Скопјанецот А.Л.(35) вчера пријавил дека околу 14.30 часот на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов” бил нападнат и гризнат од куче скитник во пределот на левата нога.

А В.В.(58) исто така од Скопје, вчера пријавила дека околу 17.30 часот на ул. „Димитрие Чуповски” била нападната и гризната од група кучиња скитници во пределот на левата надколеница.