Две лица нападнале штитеник на „СОС Детско село“ на автобуска во Скопје

Ноќеска околу 20 минути по полноќ во Полициската станица Бит Пазар вработен во “СОС Детско село“ пријавил дека на вчера околу 14 часот на автобуска постојка на булевар “Крсте Мисирков“ од страна на две непознати лица бил извршен физички напад врз 17 годишен штитеник на домот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.