Две лица каснати од кучиња скитници во Скопје

На 08.04.2019 во 17:05 часот во Полициската станица Центар, С.Ц.А.(51) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11:00 часот на улица „Кеј 13-ти Ноември“ била касната од куче скитник на десната нога.

На 08.04.2019 во 17:50 часот во Полициската станица Центар, З.Т.(35) од Скопје пријавил дека на Плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.