Две лица каснати од кучиња скитници, едниот на „Илинденска“, другиот на улица „Македонија“

Во текот на вчерашниот ден, две лица пријавиле дека биле каснати од кучиња скитици.

Синоќа во Полициската станица Центар, А.Д. (21) од Скопје пријавил дека завчера околу 23 часот на булевар „Илинден“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака.

Вчераутро пак, во полициската станица Центар, Т.Д. (57) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11 часот на улица „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на двете нозе.