Две лица искасани од кучиња во Скопје

Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, В.К.(60) од  Скопје пријавил дека во 11.00 часот на ул.„Димо Хаџи Димов“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Утрово во 09.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Е.М.(55) од Скопје пријавила дека вчера околу 09.00 часот на улица „Борис Сарафов“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.