Две девојчиња исчезнаа во еден ден

Македонската полиција е на нозе, празничниот период за неколку семејства се претвори во вистински ужас, откако исчезнаа нивните сакани. 

Во 18.45 часот во полицијата во Гази Баба, Б.У. од Скопје пријавил дека на 25. месецов во 12.00 часот од непознати причини од дома во непознат правец заминала неговата тринаесетгодишна ќерка. 

Во текот на вчерашниот ден социјален работник во ЈУ„Ранка Милановиќ“ Скопје, пријавил дека на 25. месецов во 08 часот и 15 минути, седумнаесетгодишно лице од Скопје, штитеничка на јавната установа, самоволно ја напуштило установата оддалечувајќи се во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.