Две чашки алкохол може да значат одземање на возачката дозвола

Возењето под дејство на алкохол е казниво со закон. Доколку сте ја фатиле чашката, пуштете го воланот, во спротивно, останавте без дозвола.

Глоба во износ од 225 евра во денарска противвредност односно ќе му се регистрираат 40 негативни бода, на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 0,51 г/кг. до 1,00 г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од три до шест месеци, под услови и начин утврдени со закон.

Глоба во износ од 275 евра во денарска противвредност односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода, на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 1,01 г/кг до 1,50 г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од шест до девет месеца под услови и начин утврдени со закон.

Глоба во износ од 325 евра во денарска противвредност односно ќе му се регистрираат 55 негативни бода ,  на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 1,51 г/кг до 2,00 г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од девет до 12 месеца, под услови и начин утврдени со закон.

Глоба во износ од 375 евра во денарска противвредност  односно ќе му се регистрираат 60 негативни бода на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 2,01 г/кг и повеќе. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од 12 месеца, под услови и начин утврдени со закон.

Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возач , каде што при утврдување на алкохол во организмот одбие да биде алкотестиран со соодветно средство или апарат за мерење на алкохолизираноста (алкомер). Покрај утврдениот износ на глобата, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од 12 месеца, под услови и на начин утврдени со закон.

Американскиот центар за алкохол објави калкулатор на кој може да се пресмета точното количество на алкохол во крвта по секоја испиена чашка алкохол.

Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата велат дека без разлика на кој начин учествувате во сообраќајот, единствен услов да пристигнете безбедно до саканата дестинација е да не консумирате алкохол бидејќи алкохолот е една од водечките причини за предизвикување на сообраќајни незгоди со смртни последици.