Две 4-годишни деца се во домашна изолација, по појавата на коронавирус во Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче објасни дека другите лица кои патувале со заболената патничка во комбето ќе останат во домашна изолација, бидејки истите немаат симптоми.

-Засега ќе останат во домашна изолација вкупно 12 лица, девет луѓе се патници во комбето, една од патниците е пациентката на клиника, значи имаме уште четири луѓе со кои што овие осум имале контакти. Сите се членови на семејствата и тие се изолирани. Меѓу нив има и две деца од четири години. Тест не се прави бидејки тој во овој момент ќе биде негативен. Минималната инкубација е околу пет дена. Нив ги чува полиција, не смееат да контактираат со други луѓе и да го напуштат домот 14 дена. Со храна ќе ги снабдува Црвениот крст. Ако им се појават симтоми ќе бидат однесени на Инфективна клиника. Засега тие немаат никакви симптоми и се здрави, изјави Филпче.

Министерот беше прашан и дали кривично ќе одговара заболената жена која претходно имаше дадено погрешни информации на граница.

-Засега се фокусирани за здравствениот дел и многу е важно таа да се излечи и министерството да одговори спремно на состојбата со коронавирусот, истакна тој.