Дванаесетгодишно дете од Скопје синоќа од 2.10 часот по полноќ, при семејна расправија, на неговиот татко Д.С. (37) со нож му нанел расекотина во пределот на левата надлактица, а неговиот брат на возраст од 15 години го повредил во пределот на левиот колк. 

Двајцата со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентниот Центар-Скопје, каде им биле констатирани телесни повреди, а по укажаната медицинска помош биле пуштени на домашно лекување.

СВР-Скопје превзема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.