Дванаесет сообраќајки вчера во Скопје

Пет лица се здобиле со полесни повреди во четири од вкупно 12 сообраќајни несреќи што се регистрирани во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје. Осум сообраќајки се со материјална штета.

Во текот на изминатиот  ден полицијата открила поголем број прекршоци. Дванаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи се исклучени од сообраќај поради тоа што ги управувале своите возила под дејство на алкохол, четворица поминале на црвено светло на семафорите, десет возачи ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола,  а 67 за  непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило отстранети се 47 возилa.

Одделението за превенција при СВР Скопје вчера реализираше сообраќајна поука за учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во  својство на возачи (мобилен, појас,престројување и брзина).

Во рамки на сообраќајно воспитната проект  „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во градинката „Детска Радост“ објекти „ Сончоглед“ и „Калинка“  кои се наоѓаат на подрачјето на општина Гази Баба.