Двајца скопјани во ист ден нападнати од возачи на ЈСП, на Партизанска и во Драчево

Во четвртокот околу 20 часот во СВР Скопје, Н.Г. (36) од Скопје пријавил дека во 13.15 часот на ул. „Киро Фетак“, Драчево, неговиот малолетен син бил физички нападнат од лицето кое го управувало автобусот со бр.41.

Истиот ден околу 09 часот наутро во СВР Скопје, Е.И. (68) од Скопје, пријавил дека околу 07.55 часот на автобуска постојка на „Партизанска“ бил физички нападнат од возачот на автобус бр.19.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.