Двајца скопјани вчера пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници

Вчера околу 16 часот во Полициската станица Центар, Н.Д. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11 часот на улица „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Вчераутро пак во Полициската станица Аеродром, Н.А. (58) од Скопје пријавил дека на завчера околу 13 часот на булевар „12-та Македонска Бригада“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.