Двајца скопјани со автомобилот се забиле во билборд

Две лица се повредени откако со патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки се забиле во билборд и ограда од дворно место. Несреќата се случила синоќа во 02:00 часот на крстосница од бул.„3-та Мак.Бригада“ и ул.„Крушевска република“.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот К.Н.(36) од Скопје, додека со телесни повреди се здобил возачот К.Ј (32). Тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.