Двајца скопјани се степале во партиски штаб

На 19.01.2020 во 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на бараките на општина Кисела Вода, во просторија која се користи како штаб на политичка партија дошло до инцидент.

По претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.И.(26) и Н.А.(22), и двајцата од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.