Двајца скопјани каснати од кучиња скитници

Вчера во 15:30 часот во Полициската станица Аеродром, П.Т.(74) од Скопје пријавил дека на булевар „Јане Сандански" бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Исто така вчера во 23:20 часот во Полициската станица Аеродром, В.Т.(69) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 21:00 часот на улица “Васко Карангелески“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.