Двајца пешаци прегазени за половина час во Ѓорче Петров

Две лица се тешко повредени во две одделелни сообраќајни несреќи кои во временски период од половина час се случиле вчера во Ѓорче Петров.

Од МВР информираат дека вчера околу 09:30 часот на паркинг простор од поликлиниката Ѓорче Петров „Рено Трафик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(28) од Скопје, удрило во пешакот М.Л.(83) од Скопје.

Втората сообраќајка е регистрирана во 10 часот на ул. „Ѓорче Петров“, пред зградата на Општина Ѓорче Петров. Возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Р.(32) од Скопје, движејќи се наназад удрил во З.З.(67) од Скопје, која како пешак се движела по тротоарот.

Повредените маж и жена биле пренесени во ГОБ „8 Септември“ каде им се контатирани тешки повреди. Во двата случаи полицијата извршила увид на местото на несреќата.