Двајца млади скопјани ноќеска фатени со марихуана, еден со прашкаста материја

Ноќеска 30-тина минути по полноќ полициски службеници од СВР Скопје на ул. „Партение Зографски“ го лишиле од слобода В.С. (19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Исто така ноќеска полициски службеници од СВР Скопје на бул. „Трета Македонска Бригада“ го лишиле од слобода А.Н. (26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. 

Околу 01 часот полициски службеници од СВР Скопје во подрачјето на населба Карпош го лишиле од слобода В.Ш. (23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случаите, против сите ќе биде поднесен соодветен поднесок.