Двајца Македонци во „Топ 10“ стрелци, Миркуловски втор најдобар додавач

Дејан Манасков со 12 гола се наоѓа на делба на третото место заедно со Бјорнсен и Тонесен од Норвешка, а капитенот Кирил Лазаров со 11 погодоци се седми со ист број на голови исто како и Лука Циндриќ и Квентин Мае.

Филип Миркуловски е втор најдобар асистент на турнирот со 4,5 одлучувачки додавања по натпревар. Само Швеѓанецот Готфридсон има повеќе асистенции од нашиот среден бек.

Стрелците се за нијанса поефикасни од првите две кола на Европското првенство во Полска пред две години. Денес почнува третото коло од групната фаза со натпреварите во Пореч и Сплит.