Двајца Косовци ограбени за време на Суперкупот

Полицијата денес информира дека две лица од Косово, во два одделни случаи, биле ограбени за време на одржувањето на Суперкупот во Скопје.

Триесет и девет годишниот Љ.М. (39) од Косово пријавил дека на 8-ми месецов околу 19 часот, додека чекал да влезе во Националната арена „Филип Втори“, непознат сторител извршил кражба врз него.

-Сторителот искористил прилика и му одзел паричник во кој имал кредитна картичка, дозвола за оружје, лична карта и возачка дозвола, информираат од полицијата.

Вториот случај во полиција е пријавен од страна на Е.Х. (27) исто така од Косово кој изјавил дека додека бил на Арената „Филип Втори Македонски“, непознат сторител извршил кражба врз него.

-Сторителот искористил згодна прилика и му одзел  паричник во кој имало седум кредитни картички, возачка дозвола, сим картичка со англиски број и 1.625 евра, информираат од МВР.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.