Двајца Бугари кои работат во Македонија под надзор поради корона вирусот

Двајца бугарски државјани кои работат во Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ се ставени во домашна изолација во Битола, потврдија од Центарот за јавно здравје, пренесува „САКАМДАКАЖАМ“.

Работниците немаат симптоми на коронавирус, но се под здравствен надзор затоа што претходно биле во Италија. Тие вчера допатувале во Битола и се јавиле на проверка во Центраот за јавно здравје.

„Разговарано е со фирмата каде работат дека не треба да одат на работа и дека според препораките ќе бидат во домашна изолација, односно под здравствен надзор 14 дена. Во тој период ќе се следат, односно ќе комуницираат со санитатни инспектори и надлежни од Центарот за јавно здравје. Инаку, немаат симптоми на болеста, но мора да се помине тој период од 14 дена под здравствен надзор“, рече директоката Елизабета Крстевска од Центарот за јавно здравје.