Два пати го победи ракот - запознајте го Македонецот кој е еден од најдобрите фитнес тренери во светот

Алекс Василевски е пример за тоа како никогаш не треба да се откажеме од нашите соништа и борби. Згоден, успешен и пред се човек со големо срце- тоа е нашиот Македонец Алекс кој е еден од најдобрите фитнес тренери во светот. Убавото момче е здравствен адвокат, персонален тренер, модел, животен советник ( life coach) и ТВ лице. Основач е на „Mind and Body Total Fitness“- компанија со седиште во Чикаго која нуди фитнес и велнес програми, како и мотивациски говори за здрав живот.

Покрај работата, голем дел од своето време го поминува како ментор во многу хуманитарни организации низ Америка и Македонија. Таму на заболените од рак и други тешки болести им помага полесно да се изборат и ги советува како да се хранат, живеат и да бидат позитивни.

Како што пишува Македонија Денес,Алекс Василевски два пати го победил ракот. Вели дека мотото-„Никогаш не се откажувај“ му помогнало во борбата против страшната болест која за жал се уште одзема многу животи.

Од модните дизајнери омилен му е Том Форд, а психологијата е гранка за која вели дека многу му помага во неговата работа. Вели дека е потребна поголема фитнес едукација во Македонија- бидејќи овде повеќето вежбаат не за да имаат убаво фит тело, туку за да бидат што поголеми. „Докторите ми кажаа дека имам уште десет месеци живот, лесно беше да се предадеш и откажеш во таква ситуација.

Лесно беше да не станеш од кревет и да се помириш со тоа дека умираш. Но, јас никогаш не одев по полесниот пат, секогаш ги одбирам потешките патишта. Одлучив да се борам за живот. Решив да ја добијам оваа битка и да бидам инспирација за многумина. Успеав во мојата намера… Благословен сум што македонската култура ја преставувам преку надеж, добрина, хуманост и инспирација“- вели Алекс Василевски за неговата борба со ракот. Светските медиуми веќе му дадоа прекар на Алекс- Големиот човек со големо срце!