Два концерти на Филхармонија во Градски парк: „Ну Погоди“ и „Љубов и револуција“ на 23 и 29 јуни

Македонската филхармонија продолжува со традицијата и оргнизира два настана обединети под името „Филхармонија на отворено“.

Првиот концерт ќе се одржи на 23. јуни (недела) со почеток од 21 часот и е насловен како „Ну Погоди!“. Ќе се изведува музика од култните цртани филмови од земјите од Источниот блок: „Балтазар”, „Ну Погоди”, „Как Казаки”, „Козле Бозле”, „Густав”, „Балтазар”, „Мечето Ушко”…

Аранжман/оркестрација: Владимир Николов
Диригент: Џијан Емин
Бенд:Зоран Костадиновски – гитара; Иван Бејков – бас; Гордан Спасовски – клавијатури; Гоце Стевковски – тапани

29 јуни (сабота) исто така со почеток од 21 часот, а насловен како „Љубов и револуција“.

Тогаш ќе бидат изведени популарни теми од сферата на поп-рок и панк-музиката: „Рејдиохед”, Ник Кејв, „Бисти Бојс”, „Продиџи”, „Нирвана”, „Секс Пистолс”, „Клеш”, Џими Хендрикс, „Ролинг Стоунс”, „Пинк Флојд”, Дејвид Боуви, „Рамштајн”…

Оркестар на Филхармонија
Хор: „ПроАрс” (Диригент: Сашо Татарчевски)
Бенд: Александар Поп Христов – гитара; Зоран Костадиновски – гитара; Иван Бејков – бас; Гоце Стевковски – тапани
Аранжмани/диригирање: Џијан Емин