Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ утрово информираше дека доби нов Генерален Директор, г. Душко Весковски. На директорската функција седнува Душко Весковски кој ја презема позицијата од Александар Атанасов.

Душко Весковски е роден на 28.01.1985 година во Скопје, Карпош, Република Македонија. Основното и средното образование ги завршува во Скопје.Дипломира на Правниот факултет "Јустинијан Први", насока - правни студии, а воедно и магистрира по менаџмент на човечки ресурси.

Претходно работи во Фонд на Холокаустот на Евреите од Р.Македонија, како раководител на Меморијален центар, на сектор за истражување, архивирање и документирање.