Дури и најсилните луѓе понекогаш се уморуваат од тоа да бидат силни

Дури и најсилните луѓе можат да бидат исцрпени. Дури и најхрабрите и најотпорните можат да се уморат од грижењето за сѐ и за сите. Дури и тие можат да се уморат од независниот живот кој избрале да го живеат, од сите сметки кои мораат да ги платат, од работата која мораат да ја завршат. 

Тие се уморуваат од тоа сите да сметаат на нив, додека тие не можат да се потпрат на никого. Не можат да кажат дека нешто не можат да направат, затоа што целиот свет очекува од нив да го направат тоа. Другите очекуваат секогаш да бидат добро и не ни помислуваат дека можеби и тие повремено имаат проблеми околу кои им е потребна помош. 

Дури и на најсилната личност ѝ е потребна љубов и внимание. Никој не сака  да биде осамен. Никој не сака да биде отфрлен. Понекогаш, силните луѓе не сакаат да бидат херои. Понекогаш и на нив им е потребно некој да ги „спаси“ и да биде тука за нив. Потребен им е најдобар пријател, потребен им е партнер, некој кој ќе ги научи дека верните личности можат да прават работи и за нив. 

Затоа што, понекогаш, дури и најсилната личност може да се скрши. Тоа обично се случува кога ќе им се соберат многу работи и кога ќе им дојде преку глава. Кога предолго биле силни и кога заборавиле на себеси. Кога не можат да се извлечат од кревет, затоа што телото, срцето и душата им се премногу тешки. Кога се распаѓа сѐ што изградиле, а нема кој да им помогне. 

И на најсилните им е потребен одмор. Потребно им е некој друг да биде главен и одговорен. Потребно им е да застанат и да ги наполнат батериите, за да не се исцрпат и потрошат. Потребно им е да бидат ранливи, а другите да внимаваат на нив. Затоа што тие немаат некакви посебни супермоќи. И тие се луѓе и потребно им е понекогаш да се чувствуваат ранливо. 

И најсилните луѓе понекогаш се уморуваат од тоа да се силни, затоа што тие не се родени со таа сила. Самите научиле како да бидат силни, соочувајќи се со многубројни предизвици и потешкотии кога никој не можел или не сакал да им помогне. 

Дури и на нив понекогаш им недостасува личноста која биле пред луѓето и околностите да ги научат што и какви личности треба да бидат, дека мораат да бидат силни и независни затоа што луѓето секогаш заминуваат и не можат да се потпрат на никого освен на себе.