Дури 46 проценти од жените се тажни после секс - науката објаснува зошто

Постсексуалната депресија се јавува непосредно по односот, а се темели на негативни чувства, како што се тагата, анксиозноста и раздразливоста, дури и ако односот бил задоволителен.

Дел од научниците откриле дека ваквите чувства имаат и еволуциска функција.

Постсексуалната депресија не е ретка, но често не е поврзана со некоја траума или чувство на жалење, како и нешто лошо. Во таков случај доаѓа до експлозија на хормони во телото открива сексуалниот терапевт Денис Ноулс.

Сексот е многу интимен чин, а оргазмот ослободува многу хормони. Тие доаѓаат нагло, но и опаѓаат во телото по сексот, па може да ги следи чувство на тага.

Но, доколку ви  се случува често после сексот, тогаш се работи за поголем проблем, кој главно упатува на проблеми во односот.