Дуња и Даела ја отворија сезоната и ги покажаа своите пливачки вештини

Додека ние се мислиме каде на одмор летово и мечтаеме за пливање, Дуња и Даела ја отворија сезоната и ги покажаа своите пливачки вештини. 

Дуња и Даела се главните виновници за огромната посетеност на Зоолошката градина. Тие таму пристигнаа во септември минатата година. 

Двете слоници дојдоа од белгиската зоолошка откако претходно долги години биле дел од циркусот. За нив, е изградено ново живеалиште.

Дуња, која е азиска слоница, има 49 години и веќе навлегува во длабока старост, додека Даела е африканска слоница и има 30 години.

Последен пат кога имало слонови во Зоолошката градината во Скопје било пред 26 години, и тоа досега имало две – Цица и Анка.