ДУИ го објави кандидатот за градоначалник во Чаир

Актуелниот заменик министер во образование Висар Ганиу ќе истрча во Чаир како фаворит на ДУИ за да се обиде да ја  задржи фотелјата во контото на Али  Ахемти.

По повеќе дневните  калкулации, но и консултации, денес ДУИ официјално го промовираше Ганиу како кандидат за градоначалник на најголемата албанска општина во Скопје.

Веста во Мала Речица се толкува од повеќе аспекти. Според едно од објаснувањата, со Ганиу, Ахмети се обидува да рaсчисти со истите ликови кои со повеќе од деценија владеат со Чаир, но и со чаирскиот огранок и да внесе свежа крв. Од друга страна пак  дел од анализите се во насока дека ДУИ го жртвува Ганиу. Односно според истиот функционер не се исклучува договор со СДСМ доколку ДУИ испадне во првиот круг, во вториот да го поддржи кандидатот на СДСМ, a во случајов според првичните  математики на Бихаќка - Мухамед Зекири. Тоа би значело дека во Tетово и Гостивар во вториот круг СДСМ ќе треба да гласа за кандидатите на ДУИ.