Дубиоза Колектив летово на „Д Фестивал“

Популарниот музички состав од Босна и Херцеговина ќе настапи на летниот фестивал „Д Фестивал“ кој се одржува од 15 до 17-ти јули во Дојран. Еден од најмасовните музички собири во Македонија „Д Фестивал“ ги донесе популарните музичари кои неколку пати претходно имаат гостувано во земјава.

Дубиоза Колектив по настапот во Македонија ќе замине на европска турнеја, како и на својата прва турнеја во САД, каде ќе го промовира својот последно издаден албум. Најголемиот apen air фестивал во Македонија, редовно собира по речиси 8 000 посетители на тридневна незаборавна забава на брегот на едно од најубавите езера. Покрај „Дубиоза“ летово ќе настапат и „Обоен програм“ од Нови Сад, белградските „Хипнотајзд“ и „Лолобриџида“.