Дубиоза Колектив и Кирил Џајковски ќе пеат за Нова Година во Центар

Популарниот бенд „Дубиоза Колектив“ и Кирил Џајковски од 22.30 на новогодишната вечер ќе пеат на сквер „Јадран“, соопшти денеска градоначалникот на општина Центар кој ја промовираше новогодишната програма под наслов „Град во градот“. 

На Сквер Јадран, на 30-ти јануари, во 12:00 часот ќе се организира новогодишна детска програма, а вечерта, од 21:00 часот настапуваат „The Sound Messengers” (Ерик Фокс и Симона Поповска) со шпанска музика, а по нив, Day Off и Суперхикс и на 31-ви, старата 2015-та ќе ја испратиме и ќе ја дочекаме новата 2016-та со “Дубиоза Колектив“ и Кирил Џајковски, заедно со T.K. Wonder.