Држете се подалеку од луѓето кои озборуваат - ако зборуваат со вас, ќе зборуваат и за вас

Тие се луѓето кои секогаш знаат по нешто за некого. Мал или голем трач, изгледа како да живеат за тоа. Да дознаваат работи за другите, а потоа да ги шират наоколу.

Лесно ќе паднете во нивната замка. Прво ќе ви речат дека тоа е тајна која ви ја откриваат само вам, но по некое време ќе сфатите: тие зборуваат насекаде.

Во ред е еднаш да згрешите. Не можете да ги познавате луѓето. Но, не паѓајте втор пат во нивната замка. Не озборувајте со нив, не им кажувајте работи за себе, ниту за другите луѓе. Бидејќи нивното златно правило вели: Ако зборувам со тебе, ќе зборувам и за тебе.

Ќе искористат сè што сте им кажале. Ќе ги превртат вашите зборови и ќе ги пренесат понатаму. Тие живеат за тоа. За хаосот и драмата кои ги создаваат и тоа никогаш нема да го смените.

Балканот е полн со такви луѓе. Тие не размислуваат за своите животи, за своите маани и проблеми, ама радо би ви кажале за туѓите проблеми. Дури и на нивните најблиски. А, потоа ним ќе им кажат за вашите проблеми. Така во круг. Така живеат и така функционираат. Бегајте од овие луѓе. 

New Balance M530PSB