Државата нуди готови технички проекти за фарми

Сите сточари кои сакаат да изградат нова или да ја прилагодат својата веќе постоечка фарма според европските критериуми, државата им нуди веќе изготвени технички проекти за таа цел. Поради потреба да ги следиме европските трендови во производството и одгледувањето на добиток, државата изготви технички проекти со чиво спровеување фармите ќе го исполнат потребниот европски критериум. Типските фарми се предивдени за различен број на животни, а проектите можат да се однесуваат и на веќе постоечка фарма на која и е потребно приспособување.

Сточарите ќе имаат на располагање техничка поддршка која се однесува на пресметките за формата и деталниот изглед на идната или постоечката фарма. Сега за сега, пресметки постојат за капацитети од 10 до 20 маторици, 30 до 50 грла говеда или за 10, 20 или 30 молзни крави. За ситен добиток, предвидени се проекти со капацитети од 100 или 300 кози или овци.

Целта на проектот е да се зголеми приходот на прозиводителите, како и да се подобрат условите со што индиректно се вилјае на нашата конкурентност на странскиот пазар, што ќе влијае на економијата.