Дрвото кое ќе се засади на местото на кое беше споменикот на Ќосето ќе чини околу 5.000 денари

За дрвото кое ќе се засади на местото на кое беше споменикот на Ќосето ќе биде распишан тендер, а ќе чини околу 5.000 денари - пишува Фокус.

Од Град Скопје не прецизираат кога точно ќе биде поставено дрвото, бидејќи се уште се чека да се отвори тендерска постапка.

На постамент до дрвото ќе биде изгравиран членот 10 од универзалната декларација за човекови права на Обединети нации, кој се однесува на правото на праведно судење.