Дружете се со вашите миленици и добијте награди

Кинолошкиот сојуз на Република Македонија 29 и 30. месецов ве поканува на дружење со Вашите миленици. Во текот на викендот ќе се одржат две меѓународни CACIB изложби за сите раси на кучиња.По завршувањето на изложбите и избор на најубавите кучиња од сите пријавени, се избират најубави од најубавите односно Супер Бест ин Шоу, за кои постои и дополнителен фонд на награди, покрај вообичаените.

Изложбите се со почеток од 10:00 часот со место на одржување на терените на хотелот Белви во Скопје.

На изложбите ќе судат реномирани судии:

Габриела Ридарчикова - Словачка
Марко Лепасаар - Естонија
Петру Мунтеан - Романија
Мича Младеновиќ - Србија
Александар Стојковски - Македонија
Виктор Алексовски - Македонија
Сашо Пешев - Македонија
Марјан Петровски - Македонија
Горан Дојчиноски - Македонија

Информации за цени и пријавувањето на кучињата може да се изврши online преку сајтот на Кинолошкиот сојуз на РМ: www.ksm.org.mk или преку e-mail адреса: karmkd@gmail.com и на телефон: * 02 3085 860