„Други работат за мене“...Кои се тие други бе златна, мама и тато што трчаат по тебе?

Си имам ќеркичка мила во секое време кога да и се обратиш знае точно каде има попуст низ градот, која турбофолк ѕвезда ќе настапи во клубот, а искрено да ви кажам најинтресна е кога ќе види некоја другарка која фрла пари на книги, вели види ја отидена со паметот, јас 3 пара штикли ќе си купи наместо тие глупости. Кога ќе и речам среди си ја собата гордо застанува и вели „други работат за мене“. Кои се тие други бе златна мама и тато што трчаат по тебе додека ти испружена лежиш?

И „принцезичките“ , биле татина гордоста. Овие кулку знаат совршено да се нашминкаат, ако треба ќе гладуваат цел ден, ама нема сами да си направат, на овие кукли се им е „бљак“, се им смрди, труе, испод чест им е да се поздрават со некој небитен лик кој случајно го запознале .....Е така и после се чудиме каде е љубовта зошто се распаѓаат брзо браковите...

Мама закажува на доктор, тато плаќа уплатници и телефонски сметки, им сервираат храна, прават се што ќе посакаат само нивното ќеркиче да не се мачи по жештини...

Тоа е кога на 25- годишна девојка и спремаш алишта за да се бања..сами си правиме од децата неспособни, нереализирани луѓе. Нема потреба да се чудиме. Продолжете да им сервирате сé, да ги мазите и пазите до века, додека не станеме целосно и крајно неспособно општество.

air max 90 essential sale