„Дрогата е најголема лага“ порачуваат учениците од Здравко Цветковски

„Дрогата е најголема лага“ е насловот на едукативното краткометражно видео за штетните последици од конзумирањето дрога, направено од учениците во средното училиште „Здравко Цветковски“.

Учениците кои што стојат позади овој проект велат дека краткометражно видео е реклама во која се протолкува еден живот на наркозависник. Каде што животот не се враќа, односно како ние потсвесно го создаваме кај децата, кај најмладите.

Во ова време каде што се повеќе дрогата се користи, се повеќе млади животи згаснуваат во една долина каде што сите мислат дека има спас. Спас во нереалното, спас каде што ќе избегаме од се, додаваат тие.

Режисер на видеото е Христијан Марковски, а за камерата е задолжен Владимир Марковски.