Дрога пронајдена кај малолетничка

Вчера во 00.40 часот полициски службеници од СВР Скопје, на улица „Веле Марков“, кај Т.Д.(19) и 16 – годишна малолетничка од Скопје пронашле марихуана. Се работи на расчистување на случајот. 

„Вчера исто така во 22.50 часот полициски службеници од СВР Скопје, на улица „Босна и Херцеговина“, го привеле А.М.(28) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.