Дрога и алкохол, бремени малолетнички - до каде води комплетната слобода на децата од страна од родителите

Родителите денеска сакаат да бидат посовремени и на поразличен начин да ги воспитуваат своите деца. Во минатото се знаела границата на слободата на децата, но денеска таа граница е многу поместена.

-Многу млади се незадоволни од ограничувањата на родителите и посакуваат поголема или по можност комплетна слобода, вели психологот Марија Атанасова, која работи во средно училиште.

Но, дали навистина децата заслужуваат комплетна слобода од родителите? Тинејџери сметаат дека се доволно зрели и искусни да можат без ограничувањата од родителите да го одберат правиот и вистинскиот пат за нив.

-Има деца кои имаат комплетна слобода од родителите. Имаш 14 години и на излегување ако сакаш и во 7 сабајле врати се, битно родителите велат дека ти веруваат, што сакаш прави кога искачаш и кога сакаш врати се. Дали е тоа во ред? Или имаат ужасно слаби оценки на училиште и родителите му велат на детето ако сакаш учи ако не падни година твој живот. Праведно е тоа?
Добро ли е родителите да не се мешаат ни во приватниот живот иако децата се малолетни, нели им пречи што нивната 13годишна ќерка дома носи дечко, дали треба да внимаваат со кој се дружи, со кое друштво излегува, што прави во слободно време, додава психологот.

Таа вели дека во последно време се повеќе гледа родители кои се преокупирани со работа и им даваат комплетна слобода на децата, иако се малолетни. Твој живот, живеј го како сакаш! Колку е тоа позитивно или негативно?

Марија вели дека секојдневно се соочува со нови случаи, како психолог. Таа исто така додава дека порано, психологот бил табу тема за луѓето, особено за младите, но денеска почнува полека да се чувствува потребата од психолошка помош.

Таа вели дека девојчињата се тие кои најчесто бараат помош. Тие се во пубертет, па сакаат да поразговараат за нивните проблеми, кои верувајте се многу смешни. За љубовни врси, расправии дома со родителите или пак со братот и сестрата. Донесуваат одлуки, на кои не ни требаат да помислат.

-Од сите тие разговори заклучувам дека на децата сепак им е потребен родител. Родителска љубов, грижа, муабет. Сфаќам дека децата се пуштени на слобода, но таа слобода не влијае добро врз нив и нивниот развој. Многу пати имавме случај во училиштето, каде малолетнички се бремени, или како се зависници од дрога, додава психологот.