Древен индиски напиток кој го јакне имунитетот

Познавачите на индиската култура знаат дека златната боја симболизира здравје и има моќ на исцелување. 

Можете да подготвите златно млеко за јакнење на имунитетот, кое ќе помогне и за борба против болките во зглобовите.

Се смета дека ова млеко не е само лековито, туку и богато со хранливи материи и многу вкусно. Тоа поволно влијае на имунолошкиот систем, кичмата и коските, но има позитивен ефект и на виталните органи.

Потребни состојки:

¼ шолја вода

1/8 лажичка куркума

1 шолја млеко

1 лажица мед

2 лажици масло од бадеми (само доколку имате)

Начин на подготовка:

Сварете ја водата  во која ќе ја додадете куркумата околу 6-8 минути, а потоа додајте го млекото и маслото од бадеми. Мешавината убаво варете ја додека не проврие, а потоа тргнете ја од оган. Почекајте малку да се олади, па додајте го медот.