Драстично зголемен бројот на посетители на кино

Според податоците со кои располага Државниот завод за статистика кината бележат драстично зголемен број на посетители. Ова е одлична вест која покажува културен напредок и следење на светските културни трендови.

Веројатно порастот на посетителите на кината се должи на збогатениот репертоар и квалитетот на кината, каде секако мора да се спомене отворањето на светскиот ланец Cineplexx. Имено, во 2015 имало 27,7 проценти повеќе посетители од една година претходно, а бројот на проекции е од прилика ист, со минимален раст од 0.4 проценти.

Според ДЗС, во целата држава има вкупно 14 кино, од кои 4 се во Скопје. Две од нив се во Карпош, а две во Центар. За период од една година кината во Скопје имале вкупно 463.142 посетители, а омилени им биле филмови од странска продукција.