ДРАМСКИ ЌЕ ДОБИЕ НОВА ЗГРАДА: Погледнете како ќе изгледа (ФОТО)

Драмскиот театар ќе добие нова зграда, а Министерството за култура веќе објави тендер за избор на фирма-изведувач.

Започната е постапка за изградба на современ театар на местото на Драмскиот театар. Објектот ќе се изгради со средства од Буџетот на Република Македонија и во обем само за потребите на театарот. Новиот театар ќе поседува голема сала со капацитет од 379 седишта и мала сала со капацитет од 82 седишта распоредени како монтажно гледалиште, други придружни содржини и административно-технички простор. Сценскиот простор ќе биде уреден според светските театарски стандарди и ќе биде опремен со современа сценска технологија. Буџет: 750.000.000 денари, овој преокт е предвиден во новата програма на ВМРО ДПМНЕ, 2017- 2020 година.

 Вкупната бруто-површина на целиот објект е 17.700 квадратни метри, со целосно партерно уредување. Во рамките на проектот предвидено е и паркинг-место. Додека трае изградбата на театарот, претставите ќе бидат распределени во останатите театри.