Драма за продолжениот викенд: Македонски автобус се запали во Грција

Автобус на една македонска туристичка агенција вчера се запали во Грција на пат кон Халкидики, при што нема повредени патници.

Грчките медиуми јавуваат дека патниците безбедно го напуштиле авотбусот пред целосно да изгори, а пожарот го гаснеле 15 пожарникари со пет противпожарни возила.

Засега не е позната причината за пожарот.