Драма во Стајковци: Наместо сок од хуманитарната помош испила отров

Семејна трагедија се случила вчера во скопското село Стајковци кое е најпогодено од поплавите. Рада Стојановска по целодневното чистење на куќата посегнала да се напие од сокот кој им бил доделен како хуманитарна помош. Но во во него наместо сок имало средство за чистење рѓа.

Кога се напила веднаш почуствувала силни болки во стомакот сопругот  ја однел на клиниката за токсикологија и нејзината состојба засега е стабилна.

Случајот е пријавен во полиција и дежурниот командир забележал дека на шишето од сокот со ситни букви е напишано „средство за чистење“, пренесува српски Телеграф.